Откако синоќа го победија актуелниот италијански првак Интер со 2-1, фудбалерите на Болоња денеска го изненадија својот тренер Синиша Михајловиќ кој е во болница и вторпат се бори против леукемијата, која му се врати по првата победа минатата година.

Михајловиќ веќе неколку недели е хоспитализиран и има втор чин од животната битка, а фудбалерите не го забораваат својот омилен тренер, па после триумфот му направија изненадување. Михајловиќ се појави на прозорецот од собата за да ги отпоздрави своите пулени кои со аплауз и песна го поздравија својот тренер.

Instagram will load in the frontend.

Сопруга на Михајловиќ, Италијанката Аријана остана без зборови и сподели видео на својот Инстаграм профил! Само напиша:

– Признание… .. колку убав збор … .. колку убаво чувство! Вие сте посебни!