Леао даде гол на осум минути пред крајот за да ја обезбеди победата со која Милан сега избега на пет бода со меч повеќе од градскиот ривал Интер во трката за шампионската титула, но „нераѕурите“ попладнево од 18 часот го играат својот меч од оваа 35-та рунда на гостувањето кај Удинезе.
Леао во Милан игра во неверојатна форма, па не чуди интересот од сите европски гиганти кои посакуваат да го купат, а дека е одлучувачки фактор покажа и денеска со погодокот во завршницата од пресметката, па сега уште три „финалиња“ им преостануваат на миланезите за да дојдат до првата шампионска круна од 2012 година.