Иако се мислеше дека досегашните три понуди се и последни, пред истекување на рокот во врска со продажбата на Челзи, од денеска има најнова, четврта, и тоа најголема. Имено британскиот бизнисмен Сер Џим Ретклиф испратил официјална понуда за преземање на клубот од „Стемфорд Бриџ“ која е вредна дури 4,25 милијарди фунти.
Инаку Ретклиф сакал уште во 2019 година да го купи Челзи, но тоа не му успеало, па затоа ја купил Ница.
Инаку се напоменува дека во понеделник би требало да се знае кој е новиот сопственик на европскиот првак кој се соочи со проблеми по агресијата на Русија врз Украина со оглед на тоа дека прв човек на “сините“ беше рускиот тајкун Роман Абрамович.