Фудбалерите на Брајтон го понижија Ливерпул, откако со убедлива победа на домашен терен со 3-0 ги оставија „црвените“ без победа во новата година.

 Соломон Марч за само шест минути на стартот од продолжението постигна два гола за да ја најави катастрофата на четата на Јирген Клоп, која беше потврдена со прекрасниот погодок на Дани Велбек во 82. минута. Со триумфот, Брајтон го прескокна Ливерпул на табелата во Премиер лигата со 30 бодови, односно два повеќе во однос на денешниот ривал. Головите погледнете ги ТУКА.

Саутемптон дојде до голема победа, со пресврт на гостувањето кај Евертон (2-1), директниот ривал за опстанок во англиската лига. Домаќинот поведе преку Онана во 39. минута, за Вард-Проус со голови во 46. и 78. минута да направи целосен пресврт. Саутемптон останува последен со 15 бодови, но сега исто колку и Евертон и Вест Хем.

Нотингем Форест го совлада Лестер со 2-0, со двата гола на Бренан Џонсон, а Даниел Поденс му донесе триумф на Вулверхемптон од 1-0 против Вест Хем.