Манчестер Јунајтед продолжи со фантастични игри, па со четири минутен блиц-криг дојде до триумф во градското дерби против Манчестер Сити (2-1), за седма победа по ред во сите натпреварувања.
Гостите први дојдоа во водство преку Џек Грилиш во 60. минута на асистенција на Де Брујне, но Бруно Фернандеш во 78. минута го изедначи резултатот, за четири минути подоцна Маркус Рашфорд погоди за целосен пресврт на „ црвените ѓаволи“. Головите може да ги погледнете ТУКА.
За Јунајтед ова се први бодови во градското дерби по трите порази во низа и тоа со вкупни 12-4, а прв триумф против Сити по скоро двегодишна пауза. Тимот на Ерик Тен Хаг со овој триумф му се доближи на големиот ривал на само еден бод.