Според Мундо Депортиво, Барса ќе се обиде да донесе пет играчи следното лето без да плати ниту едно евро за нив. Тоа се играчи на кои им истекуваат договорите, така што тие се слободни да изберат нова средина. Тоа се голманот на Ајакс, Андре Онана (25), дефанзивците на Челзи, Цезар Аспиликуета (32) и Антонио Ридигер (28) и играчите од средниот ред на Јунајтед и Милан, Пол Погба (28) и Франк Кесе (24).
Според Транфермаркт, тие пет играчи чинат 180 милиони евра. Вредноста на Онана се проценува на 17, играчите од Стемфорд Бриџ на 13 и 35, Погба вреди 60, а Кејси 55 милиони евра.
Овој план да доведад играчи со истечен договор на „Камп Ноу“ беше тестиран минатото лето. Во Барса пристигнаа Серхио Агуеро, Мемфис Депај и Ерик Гарсија. Можеби следното лето ќе дојдат овие петмина што се на списокот…