Вардар 1961 не успеа да го продолжи победничкиот ритам во Лигата на шампиони. На домашен терен актуелниот македонски првак го запиша првиот пораз оваа сезона, беше совладан и надигран од Монпелје со 25-31.
Одбраната – најсилното одужје на „црвено-црните“ не функционираше, францускиот тим лесно го наоѓаше патот до голот. На моменти искусниот Борко Ристовски се обидуваше да ги разбуди своите соиграчи, ниту неговите одбрани за најавни „шпици“ не помогнаа. Тој запиша седум интеревнции, една од седум метри. Мартин Томовски има четири.
Ако постои утеха, Ристовски е сериозен кандидат за Топ 5 одбрани по 4. коло во Лигата на шампиони.
Вардар има пет бода исто колку и Пик Сегед (има меч помалку) и Монпеље, по некомплетното 4. коло падна на петото место на табелата.