Фудбалерите на Нотингем Форест ставија крај на црната низа од пет порази по ред во последните месец и половина, поради што вечерашното реми со Астон Вила (1-1) може да се смета за успех за повратникот во Премиер лигата.
Мечот на „Сити граунд“ траеше само 22 минути, период во кој паднаа двата гола, по што следуваше рововска битка без премногу шанси и обиди за постигнување на уште по некој погодок. Головите погледнете ги ТУКА.
За домаќинот ова беше петти освоен бод во англиската елита, како мала сламка за спас во борбата за опстанок, која дефинитивно е пред овој тим. Составот од Бирмингем, пак, сега има девет бода од десет меча и е 16-ти на табелата со исто бодовно салдо како и Лидс и Кристал Палас, кои се подобро пласирани поради подобрата гол-разлика.