Рахим Стерлинг од Манчестер сити е многу близу до трансфер во редовите на Челси.
Англискиот репрезентативец нема да биде единствениот фудбалер на „граѓаните“ што ќе се пресели во Лондон, бидејќи менаџерот на „сините“ Томас Тухел ќе испрати понуда и за Нејтан Аке.
Холанѓанецот има само епизодна улога во тимот на Пеп Гвардиола и е во потрага по тим каде што ќе игра многу повеќе. Ако се реализира овој трансфер, тоа фсушност ќе биде враќање на Аке во Челси, каде беше дел од младинската академија, а во првиот тим играше од 2012 до 2017. Сепак забележа само седум настапи и постојано беше позајмуван во тимови како Ватфорд, Рединг и Бормут.