Интересни вести доаѓаат од Чиле. Во таа земја традиционално секоја година се прави приказна за првото родено бебе. Овој пат тоа се случи во регионот Атакама.
Родителите на Теодор Пакаха и Хектор Шамби се големи фудбалски фанови. Мајката го избрала името Гризман за синот, додека таткото Мбапе. Така првото бебе родено во Чиле оваа година се вика Гризман Мбапе.
Тоа не е се. Гризман Мбапе има и тригодишен брат Модриќ кој го носи името на хрватскиот репрезентативец.
https://twitter.com/SSaludAtacama/status/1477784562067390467?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1477784562067390467%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fprva-cileanska-beba-u-2022-dobila-ime-griezmann-mbappe-brat-mu-se-zove-modric%2F2330203.aspx„Можевме на мојот син да му го дадеме името Алексис, но тоа веќе се вика мојот внук. Другите мои внуци се именувани како Андрес Иниеста, Лионел Меси, Нејмар Роналдо и Жуниор. Другиот син ми се вика Џејмс Модриќ“, изјави Чамби.
Родителите на бебето со интересно име се Боливијци кои веќе подолго време живеат и работат во Чиле. „Ние сме скромни луѓе кои го сакаат фудбалот. Како дете одев на фудбалска академија, но не можев да продолжам. Сега играм за локален клуб и имаме специјална лига за Боливијците во Чиле. Јас сум напаѓач и ја освоивме титулата пред три години“, заврши таткото на Гризман Мбапе и Модриќ.