Трибините на „Сантијаго Бернабеу“ беа исполнети до последното место, а „кралевите“ ги продадоа билетите за мечeвите во рекордно време.
Мбапе во следната сезона ќе го носи дресот со број девет, а на стадионот владееше спектакуларна атмосфера за време на претставувањето.
https://twitter.com/i/status/1813164466093088984
Презентацијата на Килан Мбапе многу потсети на онаа на Кристијано Роналдо во 2009 година кога тој од Манчестер Јунајтед се пресели во Реал Мадрид. Французинот направи некои потези на презентацијата на Роналдо, а и еден детаљ ги одушеви фановите. По примерот на Роналдо, така и Мбапе ги повика сите навивачи: „Еден, два, три – хала Мадрид!“, што во превод значи напред Мардид.