Изминатата сезона во Барселона, Ламин Јамал настапуваше со дресот број 27, а во новата сезона ќе има нов број на грбот.
Преку официјално видео, Барселона денес потврди дека Јамал ќе го носи бројот 19. Овој број Јамал го носеше на Европското првенство и му донесе многу среќа, играше одлично, а Шпанија го освои Европското првенство.
Претходно во медиумите пишуваше дека клубот на Јамал му ја понудил „десетката“, но младиот фудбалер го одбил бројот кој со себе носи голема тежина поради Лионел Меси и да не си создава дополнителен притисок.
„Десетката“ ќе стане во сопственост на Ансу Фати, секако ако биде дел од Барселона наредната сезона бидејќи тоа се уште не е потврдено.