Со уште еден пораз сега и на домашен терен на стадионот Билјанини извори во Охрид, екипата на Струга е елиминирана од квалификациите за Лигата на шампионите.

Во првиот натпревар на гости Слован беше подобар со 4:2, па уште пред почетокот на денешниот натпревар беше јасно дека пред македонскиот шампион е тешка задача.

Победата во денешниот натпревар за Слован ја најави искусниот Вајс кој на асистенција од Стрелец го отвори резултатот во деветата минута.

https://twitter.com/i/status/1813591923699106025

По половина час игра мрежата на Дујмовиќ ја погоди Кире Ристевски кој си постигна ефектен автогол.

https://twitter.com/i/status/1813598581498212839

Во продолжение од натпреварот гледавме една мирна игра со по некоја прилика. Конечните 2:1 ги постави Компаоре во 85. минута.

https://twitter.com/i/status/1813616441188565136

Струга сега продолжува во квалификациите за Конференциската лига каде што ја чека ерменски Пјуник. Првиот натпревар од тој двомеч се игра на 24. јуни во Охрид.