Младиот талентиран играч за врска и ѕвезда на Барселона, Гави утрово беше опериран по тешката повреда на коленото која ја заработи на дуелот меѓу Шпанија и Грузија.
Гави се здоби со најтешката повреда, па му беа оперирани вкрстените лигаменти и менискусот.
Барселона ја потврди операцијата, но не соопшти колку долго ќе паузира фудбалерот.
Се претпоставува дека Гави ќе паусира околу 8-9 месеци, а тоа значи дека не само што ќе ја пропушти оваа сезона, туку нема да игра ниту на Европското првенство и Олимписките игри.