Барселона се врати на Камп Ноу со победа од 2:1 против Мајорка, која ќе води грчевита борба за опстанок до крајот на шампионатот. Каталонскиот гигант повторно е на второто место со два бода предност во однос на Севилја и сигурен пласман во Лигата на шампионите ќе биде утеха со оглед дека титулата ја лапна Реал Мадрид.
Барселона поведе во 25. минута. Мемфис Депај погоди од волеј по фантастичната длабока топка од Жорди Алба . Водството го зголемија во 54. минута, кога капитенот Серхио Бускетс собра една одбиена топка на работ на шеснаесетникот ја смести топката во аголот од мрежата. Мајорка до крајот на мечот само го ублажи поразот преку Антонио Раил.