Вардар денес направи колем исчекор кон освојувањето на нова шампионска титула во македонскиот ракометен шампионат со победата над Пелистер во Битола со 23:26.
Во последните неколку години се врати шармот на вечното дерби меѓу најтрофејните македонски клубови Вардар и Пелистер, а со тоа и ривалитетот и нетрпеливоста помеѓу навивачките групи Чкембари и Комити.
На вечерашниот дуел во Битола во салата Боро Чурлевски немаше игла каде да падне. Салата “крцаше” и сите очекуваа триумф на домашните и заверка на титулата за прв пат по 17 години.
Чкембарите организирани со препознатливи зелено бели дресови со сите сили даваа поддршка на своите миленици. Но она што останува под знак прашалник е следново. Зарем Чкембари немаат навивачка песна а да не се спомне “Шиптарско Скопје”, “Скопски пи.ки”, “Повторно да се врати 63та и Скопје пак да се сруши”. Понатака националниот херој Борко Ристовски кој многу пати во репрезентативниот дрес на Македонија носел радост за сите ракометни вљубеници од Македонија сега да биде на тапет, а исто така и неговата фамилија (читај неговата жена).
Разбирливо е да го испровоцираш противникот но ова што Чкембари и битолчани го правеа 60 минути на денешниот натпревар им се врати како бумеранг. Сите навивачки песни со вулгарна содржина на крај не допринесоа за победа на Пелистер ами за болен пораз.
Значи Пелистер има уште да напредува и да учи како се освојува титула, а истото важи и за Чкембарите. Оти титула не се освојува со пцуење туку со навивачка песна со која ќе ги величи сопствените херои.