По успешните контролки со селекцијата на Кувајт, ракометната репрезентација на Македонија ќе ги одмери силите и со Израел како дел од подготовките за Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Избраниците на Кирил Лазаров денес во 18 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе спарингуваат во натпревар од затворен тип т.е. без публика.
Македонија за разлика од дуелите со Кувајт сега е комплетна, бидејќи се приклучија Миркуловски, Кузмановски, Пешевски и Митревски, па Лазаров сигурно ќе им даде повеќе шанса на поискусните, со цел да ги воочи слабостите и предностите на својот тим во пресрет на натпреварите од групната фаза на континенталниот собир.
Ова е прв натпревар а двете селекции ќе се сретнат уште еднаш, исто така во „Борис Трајковски“.