Олимпик Марсеј беше шокиран на домашен терен во 35. коло на француската Лига 1. Второпласираниот на табелата доживеа вистински дебакл на својот „Велодром“ од екипата на Лион со 0:3. И покрај поддршката на навивачите кои направија фантастична кореографија, сепак, фудбалерите во бело и сино се посрамотија.
Лион ги однесе бодовите и си ги зголеми шансите за излез на европската сцена идната сезона.
Головите за седумкратниот првак ги постигнаа Лукеба, Дембеле и Токо Екамби во второто полувреме.
Марсеј е втор со 65 бода и го држи местото за директен пласман во ЛШ но сега има три бода повеќе од третиот Рен.
Лион е седмопласиран со 55 бода.