Чиро Имобиле во 13. минута ја затресе мрежата на Болоња со удар од белата точка, по што Матиа Закањи во вториот дел, и тоа во рок од 10 минути, се запиша двапати во листата на стрелци за убедлив триумф на Лацио.

Екипата на Маурицио Сари се наоѓа на шестата позиција во Серија А со 42 бода, односно три помалку од четвртопласираниот Јувентус.