Од Турција пристигна трагична вест. Еден од најдобрите играчи на Коњаспор, Ахмет Чалик, утрово загина во сообраќајна несреќа, пренесуваат турските медиуми.

Чалик, кој имаше само 27 години излетал со својот автомобил во близина на Анкара и го загубил животот. Фудбалерот бил сам во автомобилот.

Чалик кариерата ја почна во Генчербирлиги (2011-2017), по што три сезони настапуваше за Галатасарај, а од 2020 година е член на Коњаспор. Тој беше член на сите младински турски селекции, а за сениорскиот тим настапуваше од 2015 до 2017 година со осум одиграни средби и еден постигнат гол.