После нешто повеќе од две недели Алиоски конечно доби шанса од тренерот Жорге Жесус да заигра за новиот клуб, во кој дојде летово на едногодишен заем од саудиски Ал Ахли и популарниот Џани беше стартер, а по пола час игра го доби и првиот жолт картон во дресот на турскиот гигант и играше до 79-та минута кога беше заменет.
Фенербахче до победата дојде со голот во пет потега на Џошуа Кинг уште од осмата минута, а Сердар Дурсун на минута пред крајот ја дуплираше предноста, па сега во Истанбул за една недела, пред своите навивачи, турскиот клуб само формално со најмалку реми треба да го завери настапот во второто по ранг натпреварување.