Холандскиот репрезентативен играч за врска на Барселона, Френки де Јонг, сѐ уште чувствува болка во ногата поради повредата на мускулот. Новите тестови извршени денес покажале дека 26-годишниот фудбалер не само што нема да биде достапен за натпреварот на гости кај Реал Сосиедад в сабота навечер во Ла Лига, туку веројатно нема да се врати на теренот пред крајот на ноември, пишува каталонскиот весник „Спорт“.
Сепак добра вест за тренерот на Каталонците, Чави Хернандез, е опоравувањето на младиот Педри Гонзалес, кој би можел да настапи на натпреварот против Реал Сосиедад.
Шпанецот им се придружува на Рафиња, Роберт Левандовски и Жул Кунде, кои беа на клупата на претходниот дуел во Ла Лига против Реал Мадрид.