Тинејџерското дуо од шпанска Барселона, Педри и Гави, кои стартуваат денеска против Костарика на отворањето на СП за Шпанија, испишаа историја за „црвената фурија“ и за европските селекции на Мундијалите.

https://twitter.com/OptaJoe/status/1595441167243644929?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1595441167243644929%7Ctwgr%5E2f2add980a0037581c2964b2d1f53257e6ece06b%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fsvet%2Fistorija-za-shpanija-i-gavi-vo-katar-vakvo-neshto-nemalo-od-1962-godina-foto

Двоецот тинејџери со самото тоа што стартуваат на мечот испишаа историја зашто Шпанија стана првата европска селекција која на меч од СП има двајца тинејџери во стартниот состав, а овие двајца во последните две години беа прогласени за најдобри светски млади фудбалери.

https://twitter.com/OptaJose/status/1595441671097180161?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1595441671097180161%7Ctwgr%5E2f2add980a0037581c2964b2d1f53257e6ece06b%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fsvet%2Fistorija-za-shpanija-i-gavi-vo-katar-vakvo-neshto-nemalo-od-1962-godina-foto

Последен пат кога двајца тинејџери играле на меч за европска селекција на СП, била Бугарија во 1962 година кога играле младите Јачев и Соколов.

Истовремено, Гави стана најмлад шпански дебитант на едно СП, откако лани стана најмладиот фудбалер во историјата на екс-европскиот и екс- светскиот првак со само 17 години. Гави станува најмлад дебитант за Шпанија на СП со 18 години и 110 дена.

Најмлад фудбалер кој играл на СП за Германија попладнево стана и Јусуфа Мукоко, фудбалерот од Борусија Дортмунд со 18 години и три дена.