Шпанија за 30 минути на своето отворање на СП во Катар тргна моќно со три гола преку Дани Олмо, Марко Асенсио и Феран Торес, за да најави убедлив старт . Само прашање е со колку разлика ќе заврши мечот на кој „црвената фурија“ тотално доминира.
Олмо и Асенсио промашија по една шанса во воведните десет минути, па играч на Лајпциг погоди за водство во 11-та минута и за јубилеј – 100 гола на Шпанија на Мундијалите. Бразил, Германија, Аргентина, Италија и Франција се единствените селекции досега кои стигнале над 100 гола на Светските првенства.
Асенсио во 21-та по асистенција на Жорди Алба само ја дуплираше предноста, а Алба изнуди пенал по пола час игра за Феран Торес од белата точка да додаде трет во 31-та минута.