Челси со четири натпревари во низа без пораз можеби нема шанси за повисок пласман, ниту за место кое води во европските купови, но сепак до крај се бори за својата чест.

На домашен терен го совлада тимот на Њукасл со 3-2. Палмер беше главен играч на дуелот, му асистираше на Џексон за првиот, па го постигна вториот гол за Челси, додека третиот беше дело на Мудрик. За Њукасл погодија Исак и Марфи, но богатиот тим го претрпе деветтиот пораз на гостински терен оваа сезона.

 

Њукасл и Челси остануваат еден до друг на средина од табелата со тоа што лондонскиот тим има можност да го помине својот денешен ривал бидејќи заостанува еден бод зад него, со меч помалку.