Лекарскиот тим на кралскиот клуб соопшти дека на тестот биле позитивни хрватскиот фудбалер Лука Модриќ и бразилскиот одбранбен играч Марсело.
Тоа практично значи дека овие двајца играчи нема да можат да му помогнат на тимот во следните десет дена.
Тие ќе ја пропуштат средбата со Кадиз во недела, како и гостувањето кај Атлетик Билбао кое е закажано за 22 декември.
Модриќ оваа сезона е незаменлив член на тимот на Карло Анчелоти, забележа 12 настапи во Примера со четири асистенции, а не пропушти ниту еден од шесте натпревари во Лигата на шампионите, помагајќи му на Реал да се пласира во нокаут фазата од натпреварувањето.
Се очекува Федерико Валверде да го замени Лука во тимот.
На табелата во шпанското првенство води Реал со 42 бода.