Атлетико Мадрид пропушти голема шанса да се израмни со водечкиот тандем Реал-Жирона бидејќи загуби на гостувањето кај Лас Палмас со 1-2.
Мадридскиот тим ја прекина серијата од шест победи по ред во домашното првенство и го доживеа вториот пораз во сезоната, по оној од Валенсија кон средината на септември. Лас Палмас продолжи со одличните резултати и ја оствари чевртата победа во последните пет кола.