Фудбалерите на Интер ја совладаа Салернитана со 5:0 (2:0), во натпреварот од 28. коло на италијанската Серија А.

Интер со оваа победа се врати на првото место, барем додека Наполи и Милан не ги одиграат своите натпревари.

Напаѓачите на Интер одиграа одлично и ја наполнија мрежата на гостите.

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез ја затресе мрежата по 425 минути без постигнат гол.

И не запре тука , туку постигна хет-трик против „фенерџиите“.

Тој погоди во првото полувреме во 22. и 40. минута , двата пати на асистенција на Никола Барела.

Во 56. минута комплетираше хет-трик на асистенција на Џеко, а потоа босанскиот напаѓач двапати ја затресе мрежата.

Џеко погоди во 64. и 69. минута, а потоа ја напушти играта во 75. минута.

Одличен натпревар за Интер.

https://www.dailymotion.com/video/x88k1oi

Серија А, 28. коло

Интер – Салернитана 5:0 (2:0)
Мартинез 22, 40, 56, Џеко 64, 69

сабота
15:00 Удинезе – Сампдорија
18:00 Рома – Аталанта
20:45 Каљари – Лацио

недела
12:30 Џенова – Емполи
15:00 Фиорентина – Верона
15:00 Болоња – Торино
15:00 Венеција – Сасуоло
18:00 Јувентус – Специја
20:45 Наполи – Милан