Репрезентативецот на Габон Пјер Емерик Обамејанг постигна два гола против Реал Мадрид во големото „Ел Класико“ дерби, имаше и една велемајсторска асистенција, aма огромно внимание привлече со својата специфична прослава која во детали им ја објасни на седмата сила.
Што се однесува пак до неговата прослава после големиот триумф, Обамејанг вели дека таа е инспирација од познатата анимирана стрип-серија „Змејска топка“ (Dragon ball), односно од главниот херој Гоку.
– Она што го држев во едната рака беше замислена топка од „Змејската топка“. Со тоа си замислувате желба. Пред натпреварот, замислив да постигнам гол и да победам.Сакав да постигнам гол за моите баба и дедо кои веќе не се со нас. Мислев за тоа пред натпреварот и на крајот ми се оствари желбата! – објасни Обамејанг новиот миленик на каталонскиот гигант кој што по се изгледа ја надминува кризата.