Хулијан Алварез новиот голгетер на Манчестер Сити синоќа постигна шест голови за Ривер Плејт во победата од 8-1 против Алијанца Лима во рамки на Копа Либертадорес.
Аргентинецот стана само вториот играч во историјата на јужноамериканското натпреваруње со ваков ефект на еден натпревар уште од 1985 година.
Алварез во јули треба да се појави на првата прозивка во Манчестер сити, кој го откупи неговиот договор за 17 милиони евра уште во јануари. Тој очигледно ќе формира пеколен напаѓачки тандем со Ерлинг Халанд, кој исто така летово му се приклучува на составот на Пеп Гвардиола.