Голгетерот Кристофер Енкунку има неверојатна сезона зад себе во дресот на Лајпциг па очекувано привлекува огромен интерес од европските гиганти.
За францускиот интернационалец најзаинтересирани се премиерлигашите Манчестер јунајтед и Челси. Двата тима се очекува да понудат околу 60 милиони фунти обештетување за германскиот тим да го ослободи од актуелниот договор.
Иако челниците на Лајпциг јавно изјавија дека не се заинтересирани за продажба на Енкунку, добра понуда би можела да ги предомисли. Французинот сезонава одигра 51 натпревар за „црвените бикови“ во сите конкуренции и постигна 35 голови со 20 асистенции.
Универзалноста на Енкуку го прави неверојатно привлечен за тимовите, бидејќи игра како најистурен во нападот, како полушпиц, а одлично се снаоѓа и на крилните позиции.