Рома славеше со минимални 1-0 против Аталанта во рамки на 28.коло во Серија А.
Стрелец на победничкиот гол за „римската волчица“ беше Тами Абрахам во 30.минута. За Англичанецот тоа беше 13-ти погодок во калчото, а вкупно 20-ти сезонава во сите натпреварувања. Во судиското продолжение од натпреварот имаше по едно исклучување на двете страни. Хенрик Михтаријан кај Рома и Мартен де Рон кај Аталанта.
За Рома ова беше важни три бода за да ја престигнат токму Аталанта на 5.место. Двете екипи имаат 47 бодови и натаму остануваат во трка за место во Лигата на шампиони.