Во натпреварот од 29. коло на англискиот шампионат меѓу Фулам и Милвол а домаќинот славеше со 2:0 со двата гола од српскиот голгетер Александар Митровиќ.
Најпрво во 37. минута одлично реагираше на центаршутот на Вилијамс од десната страна и рутински ја смести топката во мрежата.
За Митровиќ тоа беше 29. гол сезонава, а Фулам во тој момент поведе со 1:0.
Митровиќ веќе во 52. минута го постигна вториот гол на натпреварот, негов 30-ти сезонава.
По големата мешаница во шеснаесетникот на гостите, Митровиќ најдобро се снајде и го постигна својот втор гол на натпреварот.
Рекордот во Чемпионшип го држи Иван Тони со вкупно 31 постигнат гол, а интересно е што тоа го направи минатата година во дресот на Брентфорд.
Фулам моментално е прв на табелата со 61 бод и е главен кандидат за враќање во Премиер лигата.