Актуелниот лидер на табелата одигра неверојатно лошо прво полувреме во кое постигна вкупно 17 поени. Тоа се најлоши 20 минути во историјата на кралскиот клуб во Евролигата со што го срушија негативниот рекорд од сезоната 2004/2005 на дуелот против Цибона.
Марко Гудуриќ со 11 поени го предводеше Фенербахче до петтата победа по ред, додека кај Реал најмногу се истакна Валтер Тавареш со 14 поени и 8 скока.
Реал останува лидер на табелата со 20 победи и четири порази, една повеќе од лутиот ривал Барселона, додека Фенербахче е осми со скор од 12 победи и 10 порази.
На вториот вечерашен натпревар, Милано славеше со 74-70 на гостувањето кај Жалгирис.