„Панцирите“ триумфираа во чест на големиот Дирк Новицки, чиј дрес беше повлечен пред средбата, со напомена дека ниту еден друг Германец нема да може да игра со бројот 14 во годините што доаѓаат. Домаќинот одигра агресивна одбрана, што резултира противникот да има дури осум загубени топки повеќе (17-9), што комбинирано со лошиот шут на „петлите“ (39,2-отсто) дава јасна слика за изненадувањето во Келн.
Тиеман со 14 поени и Гифи и Ло со по 13 поени беа најдобри кај Германија, додека Јабусел со 18 поени беше најпрецизен кај Французите.
Утре на ЕП се играат првите мечеви во групите во Прага и Милано.