Дресот на „росонерите“ сезонава ќе го носат Сержињо Дест од Барселона, кој доаѓа на заем со опција за откуп во износ од 20 милиони евра и Астер Вранкс од Волфсбург. И тој доаѓа на заем, но за него миланезите платија два милиони евра, со опција за откуп во износ од 12 милиони евра.
Дест, беше поврзуван со трансфери во Вилјареал и Манчестер јунајтед ова лето, се очекува да биде замена за повредениот Алесандро Флоренци.