Германскиот шампион Баерн Минхен по долги преговори успеа да го доведе австрискиот репрезентативец Марсел Забицер кој неколку сезони настапуваше за РБ Лајпциг, пренесува „Билд“. Најпопуларниот германски спортски весник информира дека „Баварците“ ќе платат 16 милиони евра за овој фудбалер.
Тој е вториот фудбалер на Лајпциг кој прави трансфер во минхенскиот гигант ова лето. Пред него дефанзивниот ред на Баерн го засили Дајот Упамекано. Нови фудбалери на Баерн се уште Омар Ричардс од Рединг и искусниот голман Свен Улрих од Хамбургер кои дојдоа како слободни играчи.