Македонската фудбалска репрезентација не е топ тема број 1 само во нашата земја туку и во цела Европа. После грандиозната победа над Италија, нашите фудалери беа на насловните страници на сите поголеми европски и светски весници и медиуми.
Денеска Македонија е на насловната страница и на најголемиот шпански спортски весник „Марка“.
„Убиецот на џинови му се заканува на Роналдо“, стои на насловната страница на еден од најпознатите светски медиуми.
Македонија вечерва гостува во Порто кај Португалија од 20:45 часот.Само уште една сензација не дели од пласман на мундијалот во Катар, а тоа многу е веројатно дека ќе донесе уште многу сензационални стории на насловните страници на светските медиуми со македонската репрезентација.