Барселона вчера соопшти дека нејзиниот поранешен играч Бојан Кркиќ се вратил во клубот. Сепак, Кркиќ нема да биде ново засилување за новиот тренер Чави Ернандез, туку клубот му најде работа на ТВ Барса, каде ќе биде еден од стручните коментатори.
Кркиќ како мал дебитираше со Франк Рајкард, а со Барса освои се што можеше. Од него се очекуваше врвна кариера, но никогаш не ги исполни очекувањата. По четири години играње во Барса замина во Рома, но и таму не играше. Подоцна го смени клубот, а во моментов настапува за Висел Кобе, Јапонија.
Не можејќи да игра поради повреда, тој се врати дома и Барса му понуди работа додека не се опорави и не се врати во Јапонија.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1463137110265892865?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1463137110265892865%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fsjecate-li-se-bojana-krkica-barcelona-ga-vratila-i-nasla-mu-zanimljiv-posao%2F2320506.aspx