Островјаните почнаа одлично и преку Џејмс поведоа уште во 10. минута, но потоа гостите стапија на сцена. Зеларајан изедначи девет минути подоцна, додека Ранос по половина час игра донесе водство за Ерменците. Истиот фудбалер ја зголеми предноста во 66. минута, додека шест минути подоцна Вилсон донесе нова надеж за Велшаните. Зеларајан со својот втор погодок во 75. минута стави крај на сите надежи на домашната селекција и обезбеди голема победа за Ерменија.

Франција и Казахстан рутински победија на гостувањата кај Гибралтар (3-0) односно кај Сан Марино (3-0), додека Данска имаше голема среќа за да триумфира над Северна Ирска (1-0). Гостите постигнаа гол за изедначување во судиското продолжение, но реагираше ВАР и го поништи за голема радост на стадионот.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ: Андора-Швајцарија 1-2, Белорусија-Израел 1-2, Данска-С. Ирска 1-0, Гибралтар-Франција 0-3, Грција-Ирска 2-1, Косово-Романија 0-0, Летонија-Турција 2-3, Малта-Англија 0-4, С. Марино-Казахстан 0-3, Велс-Ерменија 2-4.