Хрватските фудбалери ја декласираа селекцијата на Малта со резултат 7:1 (4:1) во претпоследното коло од групата Х од квалификациите за Светското првенство.
Така избраниците на Златко Далиќ стигнаа до 20 бода, два помалку од Русија против која играат во последното коло.
Тој решавачки натпревар се игра в недела на „Пољуд“ во Сплит и Хрватска, само победа може да донесе директен пласман на Мундијалот.
„Ватрените“ до врв ја наполнија мрежата на немоќната Малта, за која единствениот гол го постигна Марсело Брозовиќ комично реагирајќи и ја смести топката во сопствената мрежа.
Во меѓувреме, Перишиќ погоди во шестата, Чалета-Цар во 22., Пашалиќ во 38. и Модриќ во првата минута од надополнувањето во првото полувреме, а во вторато полувреме Мајер двапати во 47. и 64. минута и Крамариќ во 53. минута.\
Во рамките на истата група Словачка и Словенија ремизираа 2:2 (0:1) во натпревар кој ништо не реши.
„Змајчеки“ двапати водеа со головите на Зајц и Мевље, но домашните успеаја тоа двапати да го надополнат преку Дуда и Стрелец.
Квалификации за Светско првенство, Група Х:
Русија – Кипар 6: 0 (1: 0)
Јерокин 4, 87, Смолов 55, Мостовој 56, Сутормин 62, Заболотњи 82
Малта – Хрватска 1: 7 (1: 4)
Брозовиќ 31аг – Перишиќ 6, Калета-Цар 22, Пашалиќ 38, Модриќ 45 + 1, Мајер 47, 64, Крамариќ 53
Словачка – Словенија 2:2 (0:1)
Дуда 58, Стрелец 74 – Зајц 18, Мевља 62