Синоќа на НБА терените се одиграа само три натпревари .
Лос Анџелес Клиперс сега ја има најдолгата активна победничка серија во НБА со шест победи во низа и полека се приближува кон врвот на Западот со сооднос 7-4. Новата победа е многу вредна бидејќи дојде против Мајами Хит, тим кој исто така направи одличен почеток на сезоната.

Но Хит кои беа без Џими Батлер,  сепак поведоа со 40:25 во првата четвртина. До полувремето предноста се стопи благодарение на одличниот Пол Џорџ, а соиграчите ја презедоа палката во вториот дел и го свртија резултатот.

Не беше лесно за Клиперс и покрај осумте поени предност на влезот во четвртиот период, Мајами се приближи , но Реџи Џексон ја запечати судбината и победата од 112:109 со слободни фрлања.

Џорџ постигна 27, Џексон додаде 22, а одличен во рекетот беше Ивица Зубац. Ги тероризираше центрите на Хит со 18 поени (7/10 од игра, 4/6 фрлања) со 11 скока и две блокади за 29 и пол минути на теренот.

Кај Хит Бам Адебајо постигна 30 поени со 11 скока, а 25 постигна Кајл Лоури со 23 поени Тајлер Херо.

Јута Џез одиграа слаб напаѓачки натпревар против Индијана Пејсерс и беа ограничени на само  сто поени во поразот од 111:100, четврти во сезоната.

Тоа беше првиот пораз на Џез на домашен терен оваа сезона, а сето тоа беше зачинето од публиката по судирот помеѓу Мајлс Тарнер и Руди Гоберт каде што двајцата центри завршија на паркетот, а тие беа исклучени како и Донован Мичел и Џо Инглс на четири минути до крајот.

Гоберт направи сериозен прекршок над Тарнер, а потоа Тарнер му пружи „убава услуга“ и ги крена рамениците кон него и го собори, при што и другите играчи се вклучија и имавме слична публика како на мечот Денвер-Мајами.

Џез не можеше да го заврши натпреварот на вистински начин без своите две најголеми ѕвезди бидејќи Богдановиќ и Мајк Конли беа нерасположени. Немаше пресврт, Индијана го задржа водството изградено во втората четвртина.

Пејсерси ги предводеше Малколм Брогдон со 30 поени, додека Ти Џеј Меконел додаде 21. Кај Џез најдобрите беа исклучени Мичел и Гобер со 26, односно 19 поени, со 11 скока за Французинот.

Се одигра уште еден меч каде Филаделфија 76ерс кои се уште се лишени од најголемите ѕвезди не беа дораснати на Торонто Репторс и загбија со 115:109 за да скокнат на сооднос 7-6.  ВанВлит го предводеше Торонто со 32 поени и седум асистенции, додека Тајрис Макси постигна 33 за поразените.

НБА:
Филаделфија – Торонто 109: 115
Јута – Индијана 100: 111
ЛА Клиперс – Мајами 109: 112