Ол-стар натпреварот во НБА лигата во Кливленд Хол ги претстави најдобрите 75 кошаркари кои некогаш играле. Секако, најголема ѕвезда беше Мајкл Џордан, кој доби овации од публиката. Но, големо внимание привлече и Денис Родман, поранешен соиграч на Џордан од Чикаго Булс.
Родман исто така беше избран меѓу најдобрите 75 играчи во историјата на лигата. Но, додека неговите колеги дојдоа на церемонијата главно во одела, Родман се појави во тренерки и патики, со капа на главата и носеше очила за сонце. Неговите снимки кружат на социјалните мрежи.
https://twitter.com/Ballislife/status/1495920093477412868?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1495920093477412868%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvideo-rodman-je-hit-pogledajte-u-cemu-je-dosao-na-allstar-ceremoniju%2F2341456.aspx
Инаку, Родман е петкратен шампион во НБА. Прво освои две шампионски титули со Детроит Пистонс, а потоа уште три со Џордан и Булс. Во неговите играчки денови тој беше познат како одличен скокач и одбранбен играч, а надвор од теренот поради неговиот ексцентричен стил.