Стеф Кари, најдобриот играч на Голден Стејт Вориорс, на загревањето пред натпреварот со Мемфис ќе постигнеше неверојатен кош доколку во тоа не го спречеше долгогодишниот соиграч Клеј Томпсон. Кари, кој е познат по своите трикови пред мечот, направи бавно два чекора, а потоа ја фрли топката високо во воздух.
Идејата беше да се одбие топката од подот, а потоа таа да влезе во кошот. Но, токму кога топката требаше да влезе, Томпсон, за разлика од неговите соиграчи кои го гледаа Кари, шутираше со друга топка кон кошот и на тој начин го попречи потфатот на Кари чија топка веќе беше скоро влезена во обрачот. Соиграчите потоа почнаа да викаат на Томпсон затоа што му го уништи неверојатниот кош.
Вориорс ги совладаа Гризлис со 117-116 во првиот натпревар од полуфиналето на Западот. Во драматичното финале, се се вртеше околу Клеј Томпсон, кој на 39,9 секунди пред крајот фати мртва топка, а потоа на 36,6 секунди по ударот на сирената, ја погоди победничката тројка со која го постави конечниот резултат.
Одличен натпревар за Вориорс одигра Џордан Пул кој беше најдобар играч на победникот со 31 поен, девет асистенции и осум скока. Стивен Кари постигна 24 поени, постигна пет тројки од 12 обиди, но ги промаши последните три. Ендрју Вигинс додаде 17 поени со осум скока, а Томпсон заврши со 15 поени шутирајќи од игра 6/19.