Рони О’Саливен си обезбеди место во историјата на снукерот откако англискиот велемајстор стигна до титулата на Светското Првенство во Шефилд, во финалето совладувајќи го сонародникот Џад Трамп со 18-13 во фрејмови. Ова беше вкупно седми пехар од светскиот шампионат за О’Саливен, со што тој се израмни со Стивен Хендри како најтрофеен играч во историјата на најголемиот снукер-турнир.
Тој го одигра целиот шампионат на највисоко ниво, во полуфиналето го демолираше Џон Хигинс, а иако се очекуваше посериозен отпор од Трамп, О’Саливен ја покажа својата сета своја маестралност и не дозволи неизвесност. Клучната предност беше создадена во текот на вчерашниот ден, кога тој поведе со 12-5 во фрејмови.
Трамп за момент се врати и намали на 13-10, но О’Саливен беше најдобар кога беше најважно,блесна во завршните фрејмови и стигна до нова титула за испишување на снукер-историја.
„Трамп уште сега е еден од великаните на овој спорт. Знае колку го почитувам, затоа и морав да бидам максимално фокусиран од почеток до крај. Секако дека сум горд на бројката, но јас никогаш не сум бркал рекорди, само сакам да играм снукер и да уживам во тоа што го правам“, изјави О’Саливен веднаш по големата победа.