Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен славеше во трката за Големата награда на Емилија Ромања.
Гледавме возбудлива трка, но секако помалку отколку што се очекуваше. Почетокот наговестуваше интересна трка, кога на самиот старт се судрија Карлос Саинц и Даниел Рикардо. Саинц ја заврши трката, Шумахер се преврти и падна од 10-тата позиција на дното, додека Рикардо продолжи, но не стигна до бодови.
Фернандо Алонсо набрзо ја заврши трката, веднаш откако беше претекнат од Луис Хамилтон. Делови од болидот почнаа да паѓаат, што го означи крајот за возачот на Алпина веќе во седмиот круг.
Клучниот дел од трката можеби беше на стартот кога Серхио Перез го престигна возачот на Ферари, Шарл Леклер и оттогаш па се до крајот на трката, тој изгради еден вид брана помеѓу Леклер и Макс Ферстапен, кои водеа цело време.
Леклер реши да ризикува на нешто повеќе од 10 круга до крајот и се префрли на меки пневматици. Епилогот беше излетување надвор од патеката и удирање во барикадите. Во таа прилика се заврте за 180 степени. Успеа да продолжи, но до крајот на трката стигна до осмата позиција и не можеше повеќе од тоа, со што загуби 11 бода. На крајот не стигна ниту до најбрзиот круг, кој му припадна на Макс Ферстапен.
Причини за незадоволство ќе има и возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој исто така не успеа во намерата за висок пласман. Неактивниот возач на Алфа Таури, Пјер Гасли повторно се испречи пред него и практично го блокираше Британецот да напредува. Тимскиот колега на Хамилтон Џорџ Расел ја заврши трката на четвртата позиција и на крајот успеа да ја одбрани таа позиција од возачот на Алфа Ромео, Валтери Ботас и да го повтори минатогодишниот успех на оваа патека.
Кога станува збор за подиумот, покрај возачот на Ред Бул, тука е и Ландо Норис од Мекларен, кому му беше прв подиум оваа сезона. Тој беше оној кој имаше најголема корист од инцидентот на Шарл Леклер, со оглед на тоа што беше негов прв придружник и на тој начин го замени на подиумот .
Следната трка од Ф1 шампионатот се вози за прв пат за Големата награда на Мајами и е закажана за 8 мај.