Тимот на Салернитана успеа да слави на домашен терен против Фиорентина со 2:1, и ги зачува шансите за спас сезонава, за задржување на прволигашкиот статус.
Домаќинот поведе преку Ѓуриќ во првиот дел, но Сапонару во 64. минута израмни на 1:1. Победничкиот гол за Салернитана го постигна Бонацоли на десет минути до крај.
Салернитана сега има 25 бода три помалку од Каљари, кој е на место за сигурен останок во првата лига.