Арсенал му се одмазди на својот најголем ривал Тотенхем и го збриша со 3-1 во денешното севернолондонско дерби. „Топчиите“ се зацврстија на првото место во Премиерлигата, запишувајќи ја седмата победа во осмиот меч сезонава.
Тотенхем на крајот на минатата сезона го здроби Арсенал со 3-0 со што го исфрли од позициите за ЛШ, па сега четата на Микел Артета се одмазди за болниот пораз во мај годинава.
Томас Парти по 20 минути игра донесе водство за Арсенал, па Хери Кејн израмни од пенал во 31-та минута од мечот, но клучен период беше првата половина од вториот дел, кога Габриел Жесус вторпат ги донесе „топчиите“ во водство по само четири минути од продолжението на мечот, а Емерсон Ројал потоа доби црвен картон во 61-та оставајќи го Тотенхем со десетмина, за Гранит Џака шест минути потоа (67. минута) да стави печат на триумфот.
Арсенал со седмата победа сега има 21 бод од осум меча, четири повеќе со меч повеќе од Манчестер сити, додека Тотенхем остана на 17-те бода како и „граѓаните“ од осум пресметки досега во англиската елита.