Тотенхем загуби во дербито со Арсенал на „Емирати“ со 1-3, но Хери Кејн, првата ѕвезда и англиски репрезентативец успеа со голот од пенал да стигне до дури три рекорди.
Кејн го надмина легендарниот Тјери Анри и го даде својот 44-ти гол во лондонските дербија, а патем погодокот од белата точка му беше негов јубилеен стоти погодок на гостувањата.
Третиот рекорд на Кејн е седмиот погодок од пенал против Арсенал со што стана првиот фудбалер кој дал толку голови против еден англиски премиерлигаш.