За Вилјареал ова е трето сезонско реми, ама залудни беа преку 60-те отсто посед на топката, вкупно 14-те шута кон голот, зашто „жолтата подморница“ за безмалку сто минути не успеа да најде начин како да даде барем еден гол и да дојде до нови три бода.
Кадиз го заврши мечот и со десетмина после исклучувањето на Карселен во третата минута од судиското надополнување, но успеа да стигне до бод, за нив четврти, откако пред паузата првпат победија. Сепак со четирите бода останаа претпоследни.
Вилјареал, пак, со 12 бода е петопласиран на табелата, колку што има и Осасуна со меч помалку.